Возот за Кочани од утре нема да сообраќа, патниците вечерва ќе ги пренесат со автобус

371

Поради одрон на пругата на патниот правец Скопје – Велес, од утре, возот за и од Кочани нема да сообраќа се додека не се нормализира железничкиот сообраќај, информираат од Македонски железници.

Оттаму известуваат дека возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија – Скопје и Битола – Скопје, ќе сообраќаат само до и од Велес.

Вечерва, сите патници кои се превезуваат со возовите: бр. 632  кој од Гевгелија поаѓа за Скопје во 16:55 часот и бр. 644 кој од Битола поаѓа за Скопје во 18:30 часот, од Велес до Скопје ќе бидат превезени со автобус.

Со автобус од Скопје до Велес ќе се превезат  и патниците кои треба да патуваат за Битола со возот бр. 645 кој поаѓа во 20:10 часот, како и патниците кои треба да патуваат од Скопје за Велес со воз бр. 2085 што поаѓа во 22:40 часот, се наведува во нивното соопштение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...