Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, денеска, обелоденија скандал со ужасна содржина која треба да го вклучи алармот на другите институции.
Преку објавените видеа и фотографии јасно се гледа неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.
Како што истакна Шилегов на прес-конференцијата, за овој проблем навремено биле известени надлежните иституции.
– Наместо термички да биде обработен и стерилизиран, се случувало медицинскиот отпад да завршува во „Дрисла“ како најобичен отпад. Случајот е пријавен во Јавното обвинителство, но оттаму немаме информација за преземени било какви дејствија и дали воопшто официјално е започната истрага. Според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга државна надлежна институција – рече Шилегов.
Несоодветен третман на медицински отпад
Градоначалникот Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, денеска, обелоденија скандал со ужасна содржина која треба да го вклучи алармот на другите институции. Преку објавените видеа и фотографии јасно се гледа неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.
Posted by Град Скопје on Вторник, 04 февруари 2020
Фото: Принтскрин/Видео