Поп-пејачката Бритни Спирс на Инстаграм објавила снимка од моментот кога го стапалото ѝ пукнало додека танцувала.
38-годишната пејачка танцувала во студиото, а потоа се слуша вознемирувачкиот звук на пукање. Бритни паднала на подот и се фатила за ногата.
„Не сум танцувала шест месеци, па тука сум баш возбудена. И да, знам дека сум боса… Немојте да се смеете, но на тој начин подобро се припивам на подот. П.С. Се слуша како си го скршив стапалото, извинете, многу е гласно“, напишала Бритни покрај снимката.