Во околината на Русе, во близината на границата со Швајцарија, регистрирани се десет случаи на рак кај деца, јави дописникот на МИА.
Регионалната здравствена агенција (АРС) за Бургундија Франш-Комте соопшти дека почнала епидемиолошко истражување по откривањето на десет сомнителни случаи на педијатриски карциноми во Горна-Јура. Деца од шест месеци до 13 години кои живеат во општините Русе, Морбие, Морез, Сен Пјер и Преманон.
АРС посочува дека го информирала Јавното здравство на Франција, агенција под надзор на Министерството за здравство, за да иницира епидемиолошко истражување за овие случаи и да побара можно објаснување. На 14 октомври се одржала првата информативна средба за семејствата.
Во интерес на транспарентност и слушање на семејствата, целта беше да се разговара за пристапот, целите, методите и вклученоста на овие семејства во овој процес, кој сега е во тек, се наведува во соопштението. АРС.
Русе е планинско одморалиште со 3.500 жители.
– Неверојатно, дури и на Франс Инфо (националниот јавен сервис), тие зборуваат за нас. Облакот од Чернобил помина многу одамна и овде воздухот е чист, нема хемиски фабрики. Можеби тоа е поради глифосатот во Аин – изјави една мајка.
Имено, таа го наведе и неодамнешниот случај на бебиња родени без раце во департманот Аин, во близина на Горна-Јура.
РЕМЕРА (Регистарот на малформации во Рона-Алпи) наведе дека осумте случаи на малформации кај бебињата на територија во радиус од само 17 километри се должи на загадување со пестициди или токсини и контаминирана вода.
Француските властите апелираат да не се создава психоза кај граѓаните.