Вознемирувачка снимка: Зошто полицајците ја изрешетаа актерката од „Итна помош“?

На видеото се гледа како Ванеса вади пиштол и им се заканува на полицајците кои дошле да проверат како е, по што тие пукале во неа од автоматска пушка.

7117

Во судот во Лос Анџелес беше објавено вознемирувачко видео од полициската интервенција во која е убиена актерката Ванеса Маркез, позната по улогата на медицинска сестра во „Итна помош“, пренесува „Дејли мејл“. На видеото се гледа како Ванеса вади пиштол и им се заканува на полицајците кои дошле да проверат како е, по што полицајците пукале во неа од автоматска пушка.

На почетокот на видеото, снимено на 30 август 2018 година, ја гледаме актерката како лежи во креветот во нејзиниот стан полн со отпадок, а и самата таа е покриена со расфрлани работи и отпадок, откако е повикана полицијата од еден загрижен пријател на Ванеса.

„Јас не одам“, вели Ванеса пред полицијците кои сакале да ја приведе заради нејзината безбедност. Ванеса вади ножици од нејзината чанта, а потоа и пиштол кој се утврдило дека е лажен.

На снимката која сега исплива во јавност јасно се гледа моментот кога таа вади пиштол реплика и вика:

„Убијте ме, убијте ме!“

Се слуша гласот на полицаецот или докторот кој зборува:

„Ванеса, сите се загрижена за тебе и за твојата безбедност, нè повикаа да провериме како си.“

Таа одговорила дека има напади, но не сакала со нив да отиде во болница, викала дека не сака да оди и ги зграпчила ножиците, а потоа го извлекла пиштолот.

Снимката од камерата што ја носел еден од полицајците покажува дека тие се обидуваат да ја убедат Ванеса да го фрли пиштолот и да се предаде, но таа продолжува да им приоѓа на полицајците со вперен пиштол.

Полицаецот почнал да вика:

„Чекај, чекај, таа има пиштол! Пиштол!“

Ванеса не ги послушала и наводно почнала да нишани кон нив. Полицајците наводно испукале осум куршуми, од кои два ја погодиле и таа починала во болница.

Подоцна се утврдило дека пиштолот што го држела Ванеса бил лажен.

Ја молела полицијата да ја убијат, а тие ја молеле да го спушти пиштолот. Не постапила така како што барале од неа па настанот завршил фатално.

Нејзиното семејство го тужи градот Јужна Паседана бидејќи го смета за одговорен за нејзината смрт, наведуваат од Еј-би-си.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...