На пешачкиот премин кај Народната банка возило со скопски регистраски таблички попладнево удри во пешак.
Според информациите од терен, пешакот го минувал преминот иако било запалено црвено светло за него. Возачот на автомобилот се обидел да го избегне, но за жал не успеал.
Повредениот пешак со возило на Брза помош е пренесен на скопските клиники, а според полицијата и трагите од крв, се има здобиено со повреди.
Неофицијално, пешакот гледал во својот мобилен телефон+ и не забележал дека е запалено црвено светло за пешаци.