На 17.11.2018 година околу 22,30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење, а Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид. Извршен увид на местото на настанот – информираа од полицијата.
Возило се запалило во движење на патот за Свети Наум, возачот со тешки изгореници
loading...