Возило на прилепска Брза помош се превртело сосе пациент кај Плетвар

1045

Возило на итната медицинска помош од Прилеп враќајќи се од Скопјe, денеска околу 16 часот излетало на Плетвар, најверојатно поради лошите услови на патот. Возилото, во кое биле 3 лица, сосе пациентот, се излизгало, превртувајќи се два пати и завршило на кровот.

Според изјавите од директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, до несреќата дошло поради лошите услови на патот.

– Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и сѐ било в ред. По несреќата, веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место – истакна Аџиоска за infokompas.com.mk

Увидот треба да покаже како се случила несреќата, а поради големи оштетувања возилото е однесено на сервис со шлеп служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...