Возило излета од коловоз во Скопје, двајца потешко повредени

195
Две лица се потешко повредени, а едно полесно, откако патничко возило синоќа во 1,25 часот излетало од коловозот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје и удрило во дрво, а потоа во две паркирани возила.

Патничко моторно „Шевролет круз“ било управувано од 47-годишен В.Б од Скопје, а по излетувањето од коловозот удрило во паркираните „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...