Пожарот што избувна во гаража на Основниот суд во Струмица целосно е изгаснат во 16 часот, а во неговото гаснење учествувале 14 пожарникари со четири возила.
Во пожарот целосно изгорел новиот автомобил на Основниот суд во Струмица, а уште еден, кој бил паркиран во неспоредна близина, бил опожарен.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаражата се чувал запленет пиротехнички материјал и други предмети од правосилни пресуди. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.