Воздухот ќе го прочистуваме по урнек на Полска

1791

Планот за чист воздух, кој неодамна го донесе Владата ги следи истите правци и компоненти како Полска, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули по средбата со помошникот државeн секретар во Министерството за животна средина на Република Полска, Славомир Мазурек на Светската конференција за климатски промени – СОР 24.

– На состанокот беше договорено во рамки на ЕУ механизмите за поддршка, учество на експерти од Полска, во обезбедување на дополнителни механизми, со цел поуспешна имплементација на Планот за чист воздух – вели Макрадулу.

На средбата било изразено обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација „Оn forest for the climate”,  предложена токму од Република Полска.

Разговарано било и за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени. Во разговорите најголем акцент бил ставен на проблемот со аерозагадувањето.

– Полска има 10-годишна Програма за чист воздух, промовирана од премиерот на државата, која за цел има справување со аерозагадувањето од домаќинствата. Во рамки на таа Програма предвидена е замена на печки за затоплување на домовите, предвидени се субвенции за енергетска ефикасност, како и стимулирање на поврзувањето на центалниот систем за затоплување.

Средствата за реализација на таа Програма се од националниот буџет, ЕУ средства и од поддршката на компаниите, односно од деловната заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...