Возбудена заборавила да ја крене рачната сопирачка, па комбето удри во авионот на Меркел? (ФОТО)

1146
ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Инцидент се случил на аеродромот во Дортмунд, кога во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел, се забило комбе.

Меркел претходно разговарала со жената во комбето, па таа најверојатно од возбуда заборавила да ја крене рачната сопирачка, пренесува „Билд“.

Комбето, без возач, удрило во авионот „бомбардер глобал 5000“ на германската влада.

За среќа, нема повредени. Но, поради оштетениот авион, Меркел била принудена да се вози со хеликоптер до Берлин.

ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...