Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која што се случила во Прилеп. Според полицијата, вчера во 16 часот на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ управувано од В.В. (58) од село Заполжани и „опел фронтера“ управувана од А.М.(25) од Прилеп.
По незгодата, со возило на Итна медицинска помош В.В. бил пренесен во Општата Болница во Прилеп, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.