Возач пронајден починат во камион во кавадаречка фабрика

178

Починато лице во возачка позиција било пронајдено синоќа  во товарно возило во кругот на кавадаречка фабрика.

Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека станува збор за 62-годишно лице, кое всушност било возач на возилото. На телото немало видливи траги на насилство. Било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...