Возач почина при удар во паркирано возило

297

Околу 9.30 часот вчера во селото Челопек, тетовско, С.И.(56) од истото село , управувајќи „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило.

По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...