Возач од Неготино загина, а сопатничката потешко повредена на патот Кадино-Миладиновци

341
Едно лице почина во сообраќајна несреќа, што се случи изутринава на стариот пат Кадино-Миладиновци.

Во 1:55 часот по полноќ било пријавено дека на стариот пат кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешки телесни повреди. Таа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...