Возачот на Боки си ги бара назад запленетите чевли и сакоа

3007

Стојан Арсовски, возач вработен во 1 ТВ, кој го возел и Бојан Јовановски Боки 13-ка денеска сведочеше во предметот „Рекет“. Тој детално раскажа што се случувало на денот пред да биде приведен Боки на граница, и како и претходните сведоци, рече дека тој ден Јовановски одел на одмор во Грција.

– Немам видено потемелен претрес. Потоа ми кажаа дека сѐ во возилото треба да се одземе. Во куферите беа спакувани заеднички работи. Сакоа, пантолони, чевли ми беа одземени, ми рекоа дека ќе ми се вратат, не ми ги вратија – рече сведокот Арсовски.

Тој рече дека неколку пати го возел Боки до домот на бизнисменот Орце Камчев.

– Маркетинг секторот во 1 ТВ го водеше Анита, а потоа Денис од Авалон. А Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, беше во правниот сектор и посветено си ја работеше работата. Тој не се среќаваше со клиенти. Во два наврата сум те возел до пред врата во домот на Камчев. Ми остави впечаток дека сте блиски пријатели. Во една прилика ти подари држач за слики, штафелај кој едвај го напикав во кола. Тој беше многу љубезен – рече сведокот на прашање на Боки и додаде дека Катица Јанева ја познава од телевизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...