Возачот на автобусот на Дурмо турс, кој вчера изгуби контрола и се преврте во бездна, поминал со полесни телесни повреди, а како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, тој е пуштен на домашно лекување.
Премиерот Заев при посетата на повредените во ГОБ 8 Септември рече дека истрагата сѐ уште трае, а вчера се направени разговори со возачот, кој цело време бил во свесна состојба.
Се очекуваат резултати и од вештачењето на техничката исправност на автобусот.
Photo: EPA / Frosina Novakovic