Кумановското обвинителство соопшти дека спроведува истрага за синоќешната сообраќајка во која возач удри полицаец, кој загина на лице место, и во кандидат за полицаец, кој се бори за живот.
40-годишниот возач бил пијан покажуваат првичните резултати.
– Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош – велат од обвинителството.
На починатиот полицаец ќе му прави обдукција, а се прибираат и други докази од лице место.