Судија на претходна постапка предвремено одлучи да и им го укине притворот на сопственикот и возачот на автобусот на „Дурмо турс“ одговорни за смртта на 16 патници кај Ласкарци пред два месеци.
Двајцата обвинети се испратени во куќен притвор, јави порталот Фактор.
На оваа одлука, инаку донесена пред два дена, реагираше Основното јавно обвинителство со жалба, сметајќи дека судијата нема право кога сака да одлучува за притвор кој се продолжува на секои 30 дена, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле истиот да биде продолжен.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI