Хрватските медиуми јавија дека во таа земја овие денови ќе бидат поставени 59 камери за мерење на брзината на движење на возилата на државните автопатишта низ целата земја. Од вгодина, ќе има 1.000 такви камери.
Современите камери мерат на три начини, така што нема да успеете да им „избегате“ дури и кога возите во тунел, каде што ограничувањето е 100 километри на час.
Инаку, на државните патишта вообичаеното ограничување на брзината е 130 километри на час.
Сите што имаат намера ова лето да патуваат низ Хрватска, нека не бидат изненадени што на патиштата нема да има сообраќајни патроли. „Големиот брат“ снима.
Така веќе втора година е и во Бугарија, па многу Македонци се изненадени кога на своите домашни адреси добиваат писма со снимки и со барање да се платат „солени“ глоби.
Такви писма сега ќе стасуваат и од Хрватска. Затоа, полека!
Фото: Pixabay