Тандемот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, ќе тргнат од првиот ред на утрешната трка од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Бахраин.
На денешните Фетел извози најбрз круг со време 1.27,958 минута, Раиконен имаше второ време со заостанување од 0,166 секунди зад Германецот.
Од вториот ред, односно третата и четвртата позиција требаше да стартуваат Валтери Ботас и Луис Хамилтон, но поради казна тие се поместени пет места поназад.
Така, од вториот ред ќе тргнат Даниел Рикардо со Ред бул и Пјер Гасли од Торо Росо.
Во првите десет се и: Кевин Магнусен, Нико Хулкенберг и Естебан Окон.