Патот додека не биде пуштен возчите да не го употребуваат, апелираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески коментирајќи ги информациите дека граѓаните веќе возат по автопатот Миладиновце-Штип.
Тој рече дека возачите тоа треба да го сторат заради нивната безбедност и другите во сообраѓајот.
– Градежните активности во сите три секции се завршени. Автопатот е важно да се пушти во употреба и тоа ќе се случи, но важно е да се извршат уште еднаш безбедносните проверки зашто е важно за безбедноста на граѓаните. Проверките ќе се извршат во текот на наредната недела пред тој да биде официјално пуштен во употреба. Затоа апелирам до возачите и граѓаните да не го користат автопатот – рече Сугарески.
Сугарески рече дека автопатот официјално ќе биде пуштен во употреба наскоро.