Во текот на вчерашниот ден во Скопје од автомобил биле удрени вкупно тројца пешаци и еден велосипедист, информираат од МВР.
Првата несреќа се случила во 11:20 часот на улицата „Димитрие Чуповски“ кога автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот С. А. удрил во 72-годишен пешак.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М. А. од Скопје и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Втората несреќа се случила во 16:25 часот на булеварот „АСНОМ“ кога патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управувано 22-годишниот З. С. од Скопје удрило во 82-годишен пешак.
Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил пешакот Н. Д. (82) од Скопје и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Третата несреќа се случила во 18:20 часот на булеварот “Партизански одреди“ кога возило удрило во 14-годишна малолетничка од Скопје и избегало од местото на настанот.
На улицата „Козле“ вчера во 21:35 часот се случила сообраќајна незгода во која тешко повреден е еден велосипедист. Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Б. (35) од Скопје и велосипед управуван од Г. Г. (59) од Скопје.