По последната акција на полицијата за проверка на поширокото гостиварско подрачје, на возила што вршат јавен превоз на патници, санкционирани се 14 лица.
Според СВР Тетово, со контролата биле опфатени 29 возила, претежно комбиња што сообраќаат кон гостиварските села.
При тоа, откриени се девет возачи кои ги управувале комбињата без потребните лекарски уверенија, а кај четворица констатиран е претовар, наведуваат од СВР Тетово.
Откриените прекршоци санкционирани се со девет прекршочни и пет мандатни платни налози.
Глобата за управување без лекарско уверение изнесува 300 евра, а за претовар 45 евра во денарска противвредност.