Водостојот на Треска осум пати понизок од просечниот

81

Водостојот на Треска на мерното место кај Македонски Брод е за осум пати понизок од вообичаениот за декември, а и нивоата на сите останати реки во земјава се пониски од просекот за овој месец, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се повисоки од просечните со исклучок на Охридското Езеро, каде нивото е за три сантиметри пониско од долгогодишниот просек за декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...