„Водовод“ апелира граѓаните да ги заштитат своите водомери

332

Ниските температури во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто со пукање на стаклата на водомерите.

Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.

Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25 отсто, односно во одредени делови од денот, особено во вечерните часови, таа достигнува и до 680 литри во секунда.

„Стравувајќи од замрзнување на чешмите и цевките за вода, граѓаните оставаат да тече вода постојано. Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат водата да се користи рационално. И покрај ваквите временски услови, снабдувањето со вода е непречено, а во меѓувреме за новонастанати дефекти, граѓаните можат да се јавуваат на дежурниот телефон“, велат од ЈП „Водовод“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...