Водителката на која автобус ѝ ја откина раката, првпат објави фотографија и упати порака ФОТО

Иако помина веќе месец и пол од самата несреќа, водителката не ја напушта силниот дух, па за првпат објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

3903

Српската водителка Деа Ѓурѓревиќ, по тешката сообраќајна незгода во која автобус ѝ ја откина раката, сè уште се наоѓа во Воено медицинската академија (ВМА) во Белград. Покрај Деа, цело време се нејзиниот свршеник Младен Мијатовиќ и нејзината мајка Нена Додевски.

Деа имала досега неколку неколку интервенции на раката, а поради тежината на повредите сè уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Иако помина веќе месец и пол од самата несреќа, водителката не ја напушта силниот дух, па за првпат објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината мајка и го напиша следното:

„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува исплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв“, пишува во коментарот на водителката.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО: Printscreen RTS, Printscreen Prva TV, Printscreen Pink TV, Printscreen Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...