Израелскиот супермодел Бар Рафаели, водителка на овогодинашната Евровизија во Тел Авив, ѝ должи на државата околу 2 милиони евра неплатен данок, пресуди судот во неделата.
Таа ќе мора да плати и 30.000 евра судски трошоци, објави израелското Министерство за правда.
Бар е обвинета дека во целост не ги пријавила своите милионски заработувачки во Израел и во странство.
Таа изјавила дека во спорниот период од 2009 година повеќето време не престојувала во Израел, но судот пресудил поинаку.
Наводно, плаќала мошне ниска кирија за својот скап стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил го добила поради рекламата што ја снимила.
Бар Рафаели е најпозната по врската со актерот Леонарди Дикаприо.