Деа синоќа во еден ресторан во Белград ги собрала семејството, пријателите и познатите по повод својот 27 роденден.
Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ во февруари имаше тешка сообраќајна несреќа кај болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“, кога дојде до судир на два автобуси и три автомобили.
Деа тогаш се здоби со повеќекратни повреди, контузија на белите дробови, двојна фрактура на карлицата, но најлоша беше повредата на раката, која ѝ беше откината.
Со голема ефикасност на доктор Марко Бумбашиновиќ, на водителката раката ѝ беше вратена на место, а по повеќечасовната операција следуваа други зафати од кои секој беше борба за живот. Меѓутоа, како голем борец Деа сè победи, а на прославата на својата роденден првпат се виделе лузните што ги носи.
На Деа пред неколку дена ѝ ги тргнале завоите и од нозете од каде што во текот на операциите што ги имала за побрзо заздравување ѝ пресадиле нерви во повредената рака, за да успеат да ја вратат нејзината мобилност.
– Кога сте на работ да изгубите сè, многу повеќе го цените она што го имате. Ја ценам мојата рака, без оглед на сè. Секој треба да ги сака своите лузни. Има толку многу луѓе во овој свет кои ги имаат и ги носат со гордост, зошто не и јас? Ми рекоа дека со ласер можам да ги отстранам, но јас навистина не ја гледам потребата за тоа. Единствено е важно сè да е функционално. Имам најголема лузна на бутината, од која ми отстрануваа кожа, но ќе исчезнат за неколку месеци. Останатите ќе останат цел живот. Овие на раката рацете се големи, но тие не ми пречат. Моите лузни се симболи на мојата победа – рекла Деа неодамна.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.