Водачот на една од најмоќните банди се маскирал во својата ќерка за да побегне од затвор! ФОТО+ВИДЕО

Клаувино да Силва, познат како „Краткиот“, за време на посетите во неделата се облекол како својата 19-годишна ќерка.

507

Водачот на банда од Бразил се обидел да побегне од затвор така што се маскирал во својата ќерка.

Клаувино да Силва, познат како „Краткиот“, за време на посетите во неделата се облекол како својата 19-годишна ќерка, во тесни фармерки и розова маица со слика од крофна, па ставил долга, црна перика и силиконска женска маска на главата.

Планот бил Клаудино наместо својата ќерка да излезе од затворот Герисино, кој се наоѓа во западниот дел на Рио де Жанеиро, додека тинејџерката останала внатре. Меѓутоа, ваквиот обид за бегство не му успеал.

Стражарите рекле дека го издало тоа што бил нервозен додека се обидувал да излезе надвор. Полицијата истражува дели ќерката на Клаувино учествувала во заговорот за бегството.

Затворските власти објавиле фотографии од маскираниот Клаувино, како и снимка на која се гледа како тој ја вади маската и облеката и го изговара своето целосно име.

Клаудино да Силва бил еден од лидерите на Црвената команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во големиот дел на Рио. По неуспешниот обид за бегство Клаувино бил преместен во затворската единица со максимално обезбедување и му следат дисциплинарни мерки, пренесе „Лос Анџелес тајмс“.

 

 

VOĐA JEDNE OD NAJMOĆNIJIH BANDI HTEO DA POBEGNE PRERUŠEN U ĆERKU: Obukao uske pantalonice i stavio masku, ali to nije jedina stvar koja ga je odala (VIDEO)

FOTO: AP/Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...