Водата од Билјанини извори небезбедна за пиење

182

Водата од Билјанини извори на Охридското Езеро e небезбедна за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...