Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

90

Примероците вода кои беа земени за испитување од градската плажа и плажите „Полин“ и „Гранико“ во Стар Дојран покажаа одлични резултати во поглед на сите испитани параметри од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

– Резултатите покажуваат дека испитаната вода од трите споменати плажи е во одлична сотојба и може да се користи за капење и рекреација на луѓето. По присутна матност водата е од трета класа, по заситеност од кислород од 5 класа и по сите останати хемиско-физички параметри од прва и втора класа, а според микробиолошката анализа е во одлична сосотојба, изјави градоначалникот на Стар Дојран, Анго Ангов.

Ова е второ тестирање на водата од Дојранското езеро со исти резултати и параметри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...