Воведена забрана за камиони преку Ѓавато

102

 Од 8,15 часот изутринава е воведена забрана за  движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради снежните врнежи претходно беа воведени забрани за движење на камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка, а за камиони на  патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска, како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...