Воведена забрана за камиони и на превоите Плетвар и Барбарос

112

Поради обилни врнежи од снег од 11 часот воведена е забрана за движење на камиони на планинскиот превој Барбарос на патот Македонски Брод – Прилеп.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија забрана за камиони од 11,10 часот е воведена и на планинскиот превој Плетвар на патот Прилеп-Кавадарци.

Од 8,15 часот изутринава беше воведена забрана за  движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, што е укината во 11:00 часот.

Од 7,35 часот изутрината е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во сила се забрнате за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...