Жена на возраст од 66 години од скопско Драчево попладнево со нож била усмртена од нејзиниот внук, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на полициски извори.
Убиството се случило на улицата Антон Димитров‘, во домот на осомничениот за убиство кого полицијата го привела.
Според информациите од истражните органи станува збор за дваесетгодишниот А.Р.
Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот на терен и по распитот на приведениот кој е осомничен дека го извршил убиството.
ДОПОЛНЕТО
Дваесетгодишно момче од скопско Драчево доцна попладнево ја убил својата 66-годишна баба. Убиецот сам се пријавил во полиција.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител раководи со увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.
„Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата“, се наведува во соопштението на ОЈО.
По наредба на јавниот обвинител се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.