Внук до смрт го претепал својот дедо

477

 Шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал вчера околу 13 часот во Клиничката болница Штип.

Како што соопшти МВР, на С.М. од страна на внукот му биле нанесени повреди со метален предмет и камен во пределот на главата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...