| Вести денес: 0

Внукот на Мајка Тереза подготви подарок за папата

684

Внукот на Мајка Тереза Алојз Гомбар подготви подарок за папата Франциск кој на 7 мај ќе дојде во Скопје, пишува весникот Вечер.

– Откако се обзнани дека на папата ќе му дадам подарок, ми се јавија новинари од Франс прес, од државната телевизија на Полска, како и од неколку телевизии од Хрватска и од Словенија. Дури и од САД ме побараа да зборувам во директен пренос за тамошна телевизија. Но, јас решив мојата приказна прво да ја кажам во весникот кој секојдневно го купувам и го читам со години – вели наследникот на Мајка Тереза.

Алојз Гомбар е еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза кој се уште живее во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...