Леди Кити Спенсер (29), внука на починатата принцеза Дајана, за време на празниците се сврши со милионерот Мајкл Луис (61).
Тој се развел од поранешната сопруга, со која има три деца, а неговото богатство е проценето на 80 милиони фунти, пишува „Метро“.
Луис е инаку пет години постар од таткото на Кити.
Парот за првпат заедно во јавност се појавил во август 2018 година. Тогаш папараците ги забележале како се бакнуваат. Гласините околу запросувањето започнаа уште во јуни лани поради големиот дијамантски прстен кој Кити го носела на еден бал во Лондон.
Врската тие ја признале дури подоцна, кога заедно прошетале низ Њујорк. Внуката на принцезата Дајана тогаш рекла дена не се брза околу основање на семејство.