Внимателно на скопската клиника, има лажен доктор што дере и бега

7306
20151110 Tuesday 1149 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica doktori pacienti hirurgija

Скопјанецот Б.В. (63) вчера пријавил дека околу 13 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил измамен од непознат сторител.

Додека чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга.

Лицето му понудило дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В.  му земало 12.000 денари. Откако лицето ги земало парите не се вратило повеќе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...