Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 10 метри има на патот крак Маврово, а до 50 метри на планинскиот превој Стража.
Компанијата Виадукт Трејд денеска започнува со градежни активности на експресниот пат А3 , делница Велес-Кадрифаково, во близина на крстосница Овче Поле за што ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.