Сообраќајот на патишта низ државата се одвива тековно, по влажни коловози, пред се во северозападните и западните делови. Во останатите делови од државата коловозите се на места влажни.
Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозот се бележат на Попова Шапка, Тетово, Маврово и Павлешенци.
Намалена видливост поради појава на магла од 150 до 200 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.