Внимателно возете на патот Подмоље – Струга – Ќафасан

97

На патот Подмоље – Струга – Ќафасан утре од 11 до 16 часот ќе се вршат мерења со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта. Мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар, соопшти АМСМ,

Од Автомото друштвото апелираат возачите да бидат трпеливи и внимателни при возење на горенаведената патна делница.

Потсетуваат дека денеска започнаа градежни активности на Регионалниот пат Дојран – Николич, каде во времетраење од два дена ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започнаа градежни активности за подобрување на црна точка и на дел од регионален пат Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, каде во времетраење од 30 дена, ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Поради изведување на асфалтерски работи на регионалниот пат Чашка – Голозинци од денеска секој работен ден освен во недела од 10 до 16 часот во наредните 12 дена патот ќе биде затворен за сообраќај.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...