ИКЕА ги повика сите купувачи што ја поседуваат патната шолја од марката Troligtvis со ознаката „Made in India” (произведено во Индија) да престанат да ја користат. Секој што ќе ја врати ваквата шолја во било која продавница на ИКЕА целосно ќе му бидат вратени парите, соопшти познатиот трговски синџир.
ИКЕА постојано врши испитување на квалитетот на производите што ги продава. Неодамна е утврдено дека оваа патна шолја содржи одредени штетни хемикалии над дозволените граници.