Внимавајте, патиштата се влажни, на Маврово и Стража има забрана за камиони

116

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар и на Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. На регионалниот пат Р-1203 од село Рогачево до граничен Јажинце, поради силен ветер наместа има наноси од снег.

Се апелира на внимателно возење ии приспособувањена брзината спрема условите на патот, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од „Македонија пат“ информираат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...