Внимавајте од сум чешми во Кисела Вода, водата не е за пиење

341

Осум табли со предупредување се поставени на каптираните извори со небезбедна вода за пиење во Општина Кисела Вода, соопшти Општината.

– Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, Oпштина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината – Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево. Воедно, информираме дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба – веларто од Општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...