Внимавајте непознати лица испраќаат лажни маил пораки од Охридска банка

Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, треба да се побара помош од ИТ професионалец.

582

Охридска банка во земјава информира дека преку фалсификување на идентитетот на банката непознати лица испраќаат лажни маил пораки.

– Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, соопштуваат од банката.

Појаснуваат дека одредени физички и правни лица, клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката, добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, треба да се побара помош од ИТ професионалец.

– Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите, наведуваат од Банката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...