Внимавајте: Магла на повеќе патни правци

75

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

Намалена видливост поради појава на магла од 40 до 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 до 50 метри на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 до 100 метри на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 до 15 метри на патниот правец Тетово – село Гајре, од 70 до 80 метри на патниот правец Кичево – Македонски Брод, од 50 до 60 метри на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100 до метри на патните правци Кочани – Македонска Каменица и Виница – Берово, од 100 до 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...