Скопската полиција вчера регистрираше случај на измама со дрва за огрев. Во станицата во Драчево 63-годишна жена пријавила дека околу 10 часот наутро, непознато лице ѝ дошло во домот и им понудило огревни дрва во количина од пет кубни метри за 10.000 денари.
Измамникот рекол ека дрвата биле на друго место, па нејзиниот сопруг заминал со лицето за да ги види дрвата, но тој набрзо се вратил кај пријавителката и ѝ кажал дека нејзиниот сопруг го пратил по што таа му ги дала парите.
Пред неколку дена сличен случај на измама полицијата регистрираше во Ѓорче Петров.