Пред некоја вечер, после подолго време отидов со велосипедот да се повозам на кеј. Бидејќи на многу места е речиси црна темница, единственото нешто што ви го осветлува патот е предното светло на вашиот велосипед, но понекогаш, ако возите само малку побрзо, лесно може да се случи да скршите глава.
Од правецот на Карпош накај Центар, пред мостот што води накај „Систина“, има еден огромен расцеп од кој ѕиркаат некакви кабли и црвени ленти. Лентите се веројатно за да биде расцепот позабележлив, ама верувајте, не е забележлив, особено ако не сте често на кеј, па ја знаете секоја дупка.
Возете многу полека и со широко отворени очи бидејќи ако и не настрадате во кратерот, можете да удрите во некој од несовесните велосипедисти кои необележени, значи, без светла, си „шибаат“ по кејот.
Затоа, не 4, туку треба да имате 5 пара очи за да поминете неповредени – или поради дупките или поради несовесните сограѓани.